Вардар на +6 во однос на Работнички

28.04.2015 21:48

Водечкиот тим на табелата победи со головите на Гроздановски и на Блажевски. На крајот на третиот дел од првенството Вардар има 61 бода, а Работнички 55...

Вардар дава, Работнички не ја искористи шансата и во третиот меѓусебен дуел сезонава. Црвено-црните ги совладаа дебармаалци со 2-0 и создадоа предност од шест бода во трката за титулата во нашиот фудбалски шампионат.

Водечкиот тим на табелата победи со головите на Гроздановски и на Блажевски. На крајот на третиот дел од првенството Вардар има 61 бода, а Работнички 55. До крајот на сезоната најдобрите шест екипи ќе одиграат уште пет кола, а во тоа друштво е и Шкендија која денеска триумфираше на гости кај Турново со 4-0. Вручина во првиот и Алими, Кировски и Јуфо беа стрелци во вториот дел.

Шкендија е трета со три бода повеќе од Ренова, а Турново го дели седмото место со Брегалница и ќе игра во делот за испаѓање од лигата. Четирите екипи во него во текот на мај ќе одиграат шест кола по принципот „дома –  гости“.