Благоја Грујовски победник на „Цветници“ 2015

28.04.2015 23:16

На вечерашното 16-то издание на фестивалот „Цветници“ беа изведени 14 композиции на дел од најетаблираните авторски имиња на македонската фолк музичка сцена, од реномирани интерпретаторски имиња, со Големиот народен оркестар на МРТ...

Со директен пренос од Студиото 1 на МРТВ, на вечерашното 16-то издание на фестивалот „Цветници“ беа изведени 14 композиции на дел од најетаблираните авторски имиња на македонската фолк музичка сцена, од реномирани интерпретаторски имиња, со Големиот народен оркестар на МРТ.

Наградата за животно дело отиде во рацете на доајенот на македонската народна музика, Иван Терзиев. Првата награда заслужено ја доби Благоја Грујовски, второнаградена е групата Соната.

Имајќи ја предвид ситуацијата дека на третата позиција беше пласирана и композицијата во изведба на Миле Кузмановски со еднаков број гласови, сепак според правилникот за одвивање на фестивалот превземен од  евровизиските правила за гласање, третата наградата ја добија Ленче Кукиќ и Благица Калева, кои беа повисоко рангирани од страна на стручното жири.