Презентација на бизнис можностите на Македонија во Баку
Денеска во Баку претседателот Иванов ќе се обрати на бизнис форум, на кој ќе бидат презентирани потенцијалите на Република Македонија и поволностите за странски инвестиции...

Претседателот на Република Македонија во рамки на работната посета на Република Азербејџан денеска во Баку ќе се обрати на бизнис форум, на кој ќе бидат презентирани потенцијалите на Република Македонија и поволностите за странски инвестиции.
На форумот, кој е во организација на Турско-азербејџанското бизнис здружение ТУСИАБ, за можностите за инвестирање во Македонија и поволната бизнис клима ќе говорат Климент Шеќеровски, заменик извршен директор на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија и Горан Стоев економски промотер на Македонија во Азербејџан.
