Почна пријавувањето за субвенции за земјоделците

29.04.2015 11:25

Земјоделците кои ги исполнуваат условите барањата треба да ги поднесуваат до подрачните единици на министерството...

Рокот за поднесување на апликациите е во тек, а ќе трае до 31-ви мај годинава.

Барањата се поднеуваат во подрачната единица, каде што е регистрирано земјоделското стопанство.

Платежната Агенцијата ги советува фармерите да внимаваат на бројот на трансакциската сметка на која се запишува барањето.

До 15-ти март се пријавуваа промените во производството и бројноста на добитокот.

Годинава за субвенции во земјоделството се предвидени повеќе од 140 милиони евра.

 

Методија Трајков