„Алкалоид“ со раст на консолидиран извоз од 24% во првиот квартал од 2015-та

29.04.2015 11:40

Во периодот јануари-март, вкупните консолидирани продажби достигнуваат 2.085 милиони денари, што е за 11% повеќе во споредба со истиот период лани. Вкупниот консолидиран извоз на компанијата, пак, е зголемен за цели 24%...

„Алкалоид АД“ Скопје оствари позитивни финансиски резултати во првиот квартал од 2015 година, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех.
 
Во периодот јануари-март, вкупните консолидирани продажби достигнуваат 2.085 милиони денари, што е за 11% повеќе во споредба со истиот период лани. Вкупниот консолидиран извоз на компанијата, пак, е зголемен за цели 24%. Зголемување од 7% е забележано и кај вкупната добивкапредфинансискитрошоци, даноцииамортизација (ЕБИТДА), која во првиот квартал годинава достигнува 324 милиони денари, додека нето консолодираната добивка од 199 милиони денари е зголемена за 4%, покажува консолидираниот Биланс на успех. 
 
Според единечниот Биланс на успех, пак, во периодот јануари-март, продажбите достигнуваат 1,5 милијарди денари, што е за 5% повеќе во споредба со истиот период лани. Добивкатапредфинансискитрошоци, даноцииамортизација (ЕБИТДА), која изнесува 282 милиони денари, бележи зголемување од 6%, додека нето добивката е зголемена за 3%.
 
Во периодот јануари-март 2015 година во Алкалоид се реализирани 27 нови вработувања во Република Македонија.