Балтимор: Полицијата со солзавец ги растерува демонстрантите
Неколку стотини луѓе го прекршија полицискиот час и фрлаа со камења по силите на редот. Уапсени се 10 луѓе за предизвикување нереди и грабежи...

Втора ноќ полицијата во Балтимор со солзавец и поддржана од илјада припадници на Националната гарда го држи теренот пред демонстрантите. Сепак, неколку стотини луѓе го прекршија полицискиот час и фрлаа со камења по силите на редот. Уапсени се 10 луѓе за предизвикување нереди и грабежи.
„Нема голема активност и движење низ градот, полицискиот час функционира“, велат од полицијата на Балтимор.
Претседателот Обама, кој е во посета на Јапонија, рече дека нема оправдување за насилството, но призна дека одамна постои криза во одржувањето на редот. Смртта на Фреди Греј во полициска надлежност е последниот во низата случаи на афроамериканци убиени од полицијата.
