Австралија го отповика амбасадорот од Индонезија

29.04.2015 12:44

Егзекуцијата на вкупно 8 странци беше извршена вчера, и покрај дипломатските обиди за нивно ослободување...

Австралија го отповика својот амбасадор од Индонезија откако двајца нејзини државјани беа погубени поради шверц на дрога. Егзекуцијата на вкупно 8 странци беше извршена вчера, и покрај дипломатските обиди за нивно ослободување.

„Австралија ги почитува системот и сувереноста на Индонезија, но жалиме поради стореното. Тоа не е обична работа“, изјави Тони Абот, премиер на Австралија.

И владата на Бразил го осуди погубувањето на еден нејзин државјанин. Осудените беа стрелани по емотивната последна средба со најблиските. Нивните тела ќе бидат погребани во Индонезија или вратени во нивните земји.