Седум помалку познати архитектонски чуда
29.04.2015 14:00
Следуваат некои од најимпресивните градби во светот...

Заборавете на Таџ Махал и Колосеумот, следуваат некои од најимпресивните градби во светот.
Палатата на Парламентот во Букурешт, Романија
Станува збор за најголема, најскапа и најтешка цивилна административна градба во светот. Изградена е во неокласичен стил во 1984 година во времето на владеењето на Никола Чаушеску. Има 12 катови и околу 3.100 соби, кои се простираат на 330.000 квадратни метри. За жал за градба со овие размери било потребно уривање на голем дел од градот, вклучувајќи ги и познатите историски делови, 30 цркви и синагоги и околу 30.000 домови.
Големата џамија во Џене, Мали
Во прашање е најголема градба од кал во светот, изградена речиси целосно од глина. Тули сушени на сонце, песок и малтер врз база на кал. Се смета за врвно суданско-сахелијско архитектонски стил, а од 1988 година е под заштита на УНЕСКО.
Тврдината Деравар во Пакистан
Оваа тврдина од монументални размери се состои од 40 бедеми кои се издигаат од пустината. Интересно е што голем дел од Пакистанците не знаат за неа и тоа со добра причина. За да се дојде до тврдината потребно е изнајмување водич на четри тркала и одење на целодневно патување од Бахавалпур до пустината Чолистан, каде е сместена. За да се зачекори во самата градба, потребно е да се добие дозвола од емир или локалниот владетел.
Чанд Баори во Раџахстан, Индија
Чанд Баори е една од најзапоставените туристички атракции во Индија. Изградена е во времето на кралот Чанде, припадник на династијата Никумба, меѓу 800 и 900 години. Основата на бунарот е од квадратна форма, а градбата е висока 13 катови. Најкарактеристичен мотив на градбата претставуваат ѕидови на чија должина се простираат вдлабнати двојни скалила, кои се спуштаат на длабочина од околу 30 метри, каде се протега базен со смарагадно зелена вода. Со своите 3.500 скалила, Чанд Баори е една од најдлабоките и најголемите градби во светот.
Стариот мост во Мостар, Босна и Херцеговина
Стариот мост над Неретва е изграден од 456 блокови локален камен во 1566 година, дизајниран од турскиот архитект Мимар Хајрудин. Со четири метри ширина, 30 метри должина и 24 метри висина, претставува една од најпрепознатиливите знаменитости на градот и еден од врвните примери на исламската архитектура на Балканот. Мостот е уништен во 1990 година во текот на војната во Босна, а во 2004 година повторно е отворен за јавноста.
Големиот ѕид во Раџахстан, Индија
За Големиот кинески ѕид сите сме слушнале, но малкумина знаат дека Индија има своја верзија на ова архитектонско чудо. Во прашање е втор најголем ѕид во светот, познат и под името Кумбалгар. Изграден е во 1443 година од страна на локалниот владатер Ране Кумбе, а проширен во 19.век. Тој е долг 36 километри, дебелината на ѕидовите на некои места достигнува до 4,5 метри и има седум утврдени капии. И покрај тоа што во неговата внатрешност крие повеќе од 360 храмови, овој ѕид останува непознат за голем дел од светското население.
Џамија шеикот Лофтолах, Иран
Таа се наоѓа на центарот на Нагш-и-Џахан и претставува едно од најелегантните и најпрефинетите решенија на иранската архитектура. Била подигната од шахот Абас, меѓу 1603 година и 1619 година и беше именуван по таткото на владателот, шеикот Лофтолах. Интересно е тоа што никогаш немала минаре и двор, најверојатно затоа што никогаш не била наменета за јавна употреба, туку како сакрално место кое било на располагање на жените од шаховиот харем.
Веројатно од таа причина до молитвената сала се доаѓа по долгиот подземен премин, а декорацијата на џамијата е едена од најзначајните примери на исламската уметност.