САД: Се шират протестите, двајца застрелани во Фергусон

29.04.2015 15:02

Иако ситуацијата навидум изгледаше мирно, полицискиот час го прекршија неколку стотици демонстранти. Силите на редот реагирале со солзавец против вандалите кои предизвикуваа хаос по улиците. Уапсени се десетмина...

Опожарени автомобили, разурнати згради, ограбени дуќани и луѓе во шок –ваква е сликата во Балтимор по втората ноќ немири кои полицијата заедно со припадниците на националната гарда се обидува да ги стави под контрола. Жителите во областа се жалат на бруталноста на полицијата.

„Навистина е страшно. Не знам како моите деца ќе излезат од дома... Ова не требаше да случи на овој начин... Ќе треба многу време за да се врати гордоста кај овие луѓе... Секојдневно се судираме со бруталноста на полицијата...“, велат жители на Балтимор.

Иако ситуацијата навидум изгледаше мирно, полицискиот час го прекршија неколку стотици демонстранти. Силите на редот реагирале со солзавец против вандалите кои предизвикуваа хаос по улиците. Уапсени се десетмина.

„Нема голема активност и движење низ градот, полицискиот час функционира“, вели Ентони Батс, полиција на Балтимор.

Смртта на Фреди Греј е последниот во низата случаи на афроамериканци убиени од полицијата, но и доволна причина да се обноват немирите во Фергусон. Најмалку две лица се застрелани во одделни инциденти во Мисури, откако стотици демонстранти се собраа во знак на поддршка на протестите против полициската бруталност.

Претседателот Обама, кој е во посета на Јапонија, рече дека нема оправдување за насилството, но призна дека одамна има криза во одржувањето на редот.

 

Бојана Крстевски