Грк во игра за нов Еврокомесар за проширување¬?!
Во интервју за германски Дојче Веле екс-шефот на грчката дипломатија Димитрис Друцас ниту потврди, ниту демантираше дали тој ќе биде новиот еврокомесар за проширување. Друцас, којшто дипломирал право во Виена, кадешто и живеел, кусо коментирал:
„Тоа јас не го одлучувам. За тоа решаваат други!“.

Доцна синоќа во Берлин на панел-дискусија организирана од Аспен институтот и „Дојчландрадио култур“, Друцас меѓу другото зборувал и за грчкото претседавање со Унијата . Со ниту еден збор не ја спомнал Македонија, но истакнал дека се надева дека двете влади конструктивно ќе го третираат проблемот притоа не спомнувајки ја ниту кратенката ФИРОМ. Диплoматија, политичко искуство и умешност му била синоќа потребна на Друцас и не му недостигала, јавува Дојче Веле.
Лидија Чакар