Храбро против светскиот првак

29.04.2015 17:33

Селекцијата на Франција, во еден од загревачките кругови за идното ЕП ќе ја тестира нашата селекција...

Спортска среда за паметење на овие простори. Ракометните вонземјани се во Македонија. Селекцијата на Франција, во еден од загревачките кругови за идното ЕП ќе ја тестира нашата селекција.

Творецот на ракометното чудо во три бои, Клод Онеста кој ги обедини олиписката, светската и европската титла, по стапнувањето на наша почва рече дека тешко се победува во земјата на ракометот. Комплимент или само куртоазија, сеедно.Реално тешко е да отидеме со мислите надвор од реалноста

Чекор напред против „триколорите“ ќе биде секој гол, секоја одземена топка, секој одбранет удар и напад против ракометната супер сила. Нивната моќ и апсолутна фаворитска улога треба да го намали притисокот врз нашите момчиња за да одиграат послободно во престижниот двобој.

Ивица Обрван ќе ги нема Вугринец и Никола Маркоски во составот, додека кај Французите ќе отсуствуваат Нарсис, Фернандез, Нијокас и Гребиј. Но, се враќа Абало кој го пропушти Мундијалот во Катар. 

Ако не сте во арената „Борис Трајковски“, од 20.15 часот, бидете со прва на МТВ и со директниот пренос од квалификацискиот натпревар за ЕП 2016, Македонија – Франција.