НБА Лига, плеј-оф

Далас во полуфиналето, го чека Сан Антонио или Клиперс

29.04.2015 20:10

Актуелниот шампион повторно поведе против Клиперс, триумфирајќи на гости со 111-107 во петтиот натпревар. Тим Данкан забележа нов двоцифрен двоен ефект со 21 поен и со 11 скокови, а имаше одлична поддршка и од најдобриот дефанзивец во лигата Кавај Леонард, којшто уфрли 18 коша и оствари 9 скокови...

Хјустон Рокитс обезбедија пласман во западното полуфинале на НБА плеј-офот, добивајќи ја со 4-1 четвртфиналната серија против Далас Маверикс. Кој ќе им биде нареден конкурент, ќе почекаат најмалку уште еден натпревар, откако Сан Антонио направи нов брејк во Лос Анџелес против Клиперс и поеде со 3-2.

Актуелниот шампион повторно поведе против Клиперс, триумфирајќи на гости со 111-107 во петтиот натпревар. Тим Данкан забележа нов двоцифрен двоен ефект со 21 поен и со 11 скокови, а имаше одлична поддршка и од најдобриот дефанзивец во лигата Кавај Леонард, којшто уфрли 18 коша и оствари 9 скокови. Клиперс ниту еднаш не беа во водство, со само осуммина играчи во ротацијата. Во финишот на средбата, Блејк Грифин промаши два шута по ред при предност на Спарс од 108-105, па Барнс од линијата за слободни фрлања намали на само поен негатива, но до крајот токму од таа позиција победата на Сан Антонио ја обезбедија Грин и Леонард. Грифин пак беше најдобар кај Клиперс со 30 поени и со 14 скокови, но сам не можеше да го надомести катастрофалниот шут на екипата, којашто постигна само една тројка од 14 обиди.

Расплетот на оваа серија ќе го чека Хјустон, којшто се пласираше во конференциското полуфинале елиминирајќи го тексашкиот конкурент Далас со триумфот од 103-94 во петтиот натпревар. Џејмс Харден, којшто придонесе со 28 поени и со 8 асистенции, потоа испрати порака дека ова е само почеток и оти целите на Рокитс се и поголеми. Двајт Хауард заврши со 18 коша и со дури 19 скокови, додека Монта Елис со 25 поени ги предводеше Маверикс во последниот плеј-оф настап сезонава.