Пораз во добра игра

29.04.2015 23:15

Средбата почна со водство на французите со 4-1,но понесени од подршката од исполнетите трибини нашите ракометари се вратија ,израмнија и поведоа со 6-5,за сепак гостите на одмор да заминат со 15-15,благодарение најмногу на 8-те интервенции на Омејер...

Македонската ракометна репрезентација загуби од Франција со 27-25,но не разочара,иако разочарувањето можеше да се прочита од лицата на 5000-та публика во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје,откако  нашите најдобри ракометари пропуштија шанса за нерешен резултат во финишот на натпреварот. Но,никој неможе да им забележи на храбрата и добра игра со ѕвездената селекција на триколорите.

Средбата почна со водство на французите со 4-1,но понесени од подршката од исполнетите трибини нашите ракометари се вратија ,израмнија и поведоа со 6-5,за сепак гостите на одмор да заминат со 15-15,благодарение најмногу на 8-те интервенции на Омејер.

Двете исклучувања на манасков на почетокот на второто полувреме им овозможија на француските репрезентативци да стигнат и до највисоки 22-17,но кога се изгледаше готово,одново проработе нападот и одбраната на црвено-жолтите за 25-26 во последните 90-тина секунди.Миркуловски направи пробивање во нападот за израмнување,Мае погоди од невозможна позиција за конечните 27-25 за Франција.

Ангелов во нашиот состав забележа 10 интервенции,Кире Лазаров беше најефикасен со 8,Манасков постигна 5,а Стоилов и Георгиевски по 4 гола.

Реваншот против французите е в недела во Тулуз,но станува јаснио дека второто место во групата што води на ЕП во Полска нашата селекција ќе го бара во дуелите со Швајцарија и Чешка во средината на Јуни.