Рели Дакар 2014

Ал-Атијах и Депре не ги губат надежите за нови титули

14.01.2014 13:07

На релито Дакар 2014 коешто и годинава се одржува низ пустинските предели во Јужна Америка, денеска се вози деветтата етапа меѓу чилеанските градови Калама и Икике. Специјалната делница на којашто ќе се мери резултатот ќе биде долга 422 километри.

На релито Дакар 2014 коешто и годинава се одржува низ пустинските предели во Јужна Америка, денеска се вози деветтата етапа меѓу чилеанските градови Калама и Икике. Специјалната делница на којашто ќе се мери резултатот ќе биде долга 422 километри.

Од челната позиција во неа ќе влезат Шпанецот Нани Рома од Мини во конкуренција на автомобилисти и неговиот сонародник Марк Кома на КТМ меѓу мотоциклистите.

Вчерашната осма етапа преку Андите од Салар де Ујуни во Боливија до Калама во Чиле му припадна на Катарецот Насер Ал-Атијах, којшто беше за минута и 12 секунди побрз од тимскиот колега од Мини, Французинот Стефан Петерхансел, а за две минути и 36 секунди од Шпанецот Карлос Саинц од СМЏ Баги. Рома заврши шести со заостанување од девет минути и 19 секунди, но тоа не му се одрази на водството во генералниот поредок. Петерхансел на второто место доцни 23 минути и 46 секунди, а Јужноафриканецот Жиниел Де Вилие од Тојота на третата позиција дури 48 минути и 25 секунди. Ал-Атијах е петти со 69 минуи послабо време.

Меѓу мотоциклистите, првиот етапен успех на годинашното рели го забележа петкратниот шампион, Французинот Сирил Депре на Јамаха. Иако заостанува речиси два и пол часа зад лидерот Кома, тој не се откажува од шестата титула на престижното натпреварување. Беше побрз од шпанското дуо, Хоан Бареда Борт на Хонда, којшто заостана две минути и 9 секунди и од Кома на КТМ, којшто имаше дополнителни шест секунди послабо време. Севкупната предност на Кома во однос на второпласираниот Бареда Борт е 38 минути, додека Жорди Виладомс, којшто вчера беше десетти, доцни час и 27 минути зад лидерот.