30-ти Април, меѓународен ден на џез музиката

30.04.2015 11:12

Од пред две години, 30-ти Април е прогласен за меѓународниот ден на џез музиката. Предлогот на познатиот џезер Херби Хенкок во 2013-та година го прифати и генералната секретарка на УНЕСКО, Ирина Бокова. Оваа година главната манифестација ќе се одржи во Париз, Франција. Во Скопје пак, годинава 33-тиот Џез Фестивал, ќе се одржи од 16 до 19 Октомври...

Џезот е музички стил кој се појавил во почетокот на 20-тиот век во aфроамериканските заедници во јужниот дел на Соединетите американски држави. Настанал со мешање нa африкански и европски музички традиции. Се развивал во многу облици а она кое најмногу внесе внимание во светот па и кај македонската јавност во 80тите и 90тите години беше смут и есит џезот кој освои значајно место во радио етерот. Амбасадорот на добра волја на УНЕСКО Херби Хенкок пред две години предложи 30-ти април да се прогласи за Меѓународен ден на џез музиката.

„Меѓународниот ден на џезот треба да се потенцира да се даде поддршка и потпора на обединувачките атрибути на музиката и во целиот ден да се слават овие настани и активности на 30 Април, секоја година“, вели џез музичарот Херби Хенкок.

Интересно е тоа дека 29-ти мај уште од 1991 година се прославува како Ден на џезот, но празникот не заживеал во целиот свет, па генерално се прославува само низ САД.

Предлогот на Хенкок во 2013та година го прифати и генералната секретарка на УНЕСКО Ирина Бокова. Инаугурацијата на предлогот беше одбележана со низа концерти, од кои првиот беше одржан на 27-ми април во седиштето на УНЕСКО во Париз а потоа следеа слични концерти во Њу Орлеанс и Њујорк, на кои свиреа светски познати џезери.

„Духот на Џез музиката денес ни е потребна од било кога досега, за да им донесе на луѓето посебно на младите повеќе слобода и мир и нови форми за борба против омразата. Ова ќе биде пораката на УНЕСКО за овој интернационален ден на џезот“, смета генералната секретарка на УНЕСКО, Ирина Бокова.

Стружани велат дека слушаат ваква музика иако не е комерцијална сепак е присутна по кафулињата.

Да слушам џез музика, слушам и блуз, ритам и блуз. Убава музика е, велат стружани.

Оваа година главната манифестација ќе се одржи во Париз, Франција.

Во Скопје пак, годинава 33-тиот Џез Фестивал кој има традиција кај нас уште од 1982 година, ќе се одржи од 16 до 19 Октомври.

Јованчо Наумоски