Авионот на Бил Клинтон принудно слетал во Танзанија
30.04.2015 11:24
Леталото непланирано слетало во главниот град на Танзанија. Нема повредени патници и членови на екипажот...

Откажа еден од четирите мотори на авионот „Даш 7“ во кој се превезувал поранешниот американски претседател Бил Клинтон.
Леталото непланирано слетало во главниот град на Танзанија. Нема повредени патници и членови на екипажот.
Потпаролот на Клинтон го потврди инцидентот и додаде дека по повравката авионот го продолжил летот.
