Покрај Варуфакис, од преговарачката екипа отстранети и неговите соработници

30.04.2015 11:54

Весникот „Tа неа“ тврди дека одлуката на грчката влада за отстранување на Варуфакис и на неговите соработници од преговорачкиот тим е конечна...

Освен грчкиот министер за финансии јанис варуфакис од преговорачката екипа со меѓународните кредитори се отстранети и неговите соработници, информираат грчки медиуми.

Весникот „Tа неа“ тврди дека одлуката на грчката влада за отстранување на Варуфакис и на неговите соработници од преговорачкиот тим е конечна.

На преговорите, грчката влада ќе ја претставува седумчлена група на чело со Јоргос Хулиаракос, кој се смета за близок соработник на вицепремиерот Јанис Драгасакис.