Орав: Да се надминат предизвиците
Евроамбасадорот порача дека местото на Mакедонија е во европското семејство и побара надминување на предизвиците...

Евроамбасадорот Аиво Орав, на денешната пресконференција во која ги најави активностите за прославата за Денот на Европа, 9-ти мај, порача дека местото на Mакедонија е во европското семејство и побара надминување на предизвиците.
„Мислам дека многу сериозни одлуки се потребни во следниот период. Тие кои ќе ги донесат тие одлуки не треба да го имаат в предвид само партискиот или личниот интерес, или пак партискиот рејтинг. Знам дека сите партии прават анкети за нивниот рејтинг, скоро секоја недела. Јас мислам дека тие треба да имаат в предвид, поддршката кон Европската унија, да биде барем два пати поголема и за ВМРО-ДПМНЕ и за СДСМ“, изјави евроамбасадорот Орав.
Вицепремиерот Фатмир Бесими апелираше- пораките и заклучоците што доаѓаат од Брисел да се сфатат сериозно од сите одговорни лица во земјата.
