Доживотна казна затвор за напаѓачите на Малала Јусуфзаи

30.04.2015 15:00

Во октомрви 2012-та година беше погодена со куршум во глава додека влегувала во училишен автобус по завршување на часовите. Во нападот беа повредени уште две девојчиња...

Судот во Пакистан осуди десет талибанци на доживотна казна затвор поради вооружен напад на активистката Малала Јусуфзаи.

Малала, која во конзервативните делови на Пакистан повика на правото на жените на образование, во октомрви 2012-та година беше погодена со куршум во глава додека влегувала во училишен автобус по завршување на часовите. Во нападот беа повредени уште две девојчиња.

Откако успешно закрепна, Малала започна кампања за едукација на девојчињата во Пакистан, а минатата година стана најмладиот добитник на Нобелова награда за мир.