Нигериската војска ослободи 160 жени и деца од Боко Харам

30.04.2015 15:13

Во операцијата биле убиени една заложничка и еден војник, додека осуммина заробеници и четворица војници биле ранети...

Нигериската војска ослободила 160 жени и деца во операцијата против исламистите од групата Боко Харам во шумата Сабиса, два дена откако беше ослободена групата од 300 заробенци во истата зона.

Во операцијата биле убиени една заложничка и еден војник, додека осуммина заробеници и четворица војници биле ранети.

Според податоците на Амнести Интернешенел, оваа исламистичка група досега грабанала околу 2.000 жени, заради присилна работа и сексуално ропство, а некои биле присилувани да се борат во првите борбени линии на милитантите.