Кумановци пред романски предизвик

14.01.2014 13:56

Куманово продолжува со настапите во регионалната БИБЛ кошаркарска лига. Во деветтиот натпревар сезонава, гостуваат кај Крајова во Романија. Дуелот почнува од 18:00 часот, ќе го емитуваме на нашиот собраниски сервис. Во првата меѓусебна средба, одиграна во Куманово, славеше нашиот претставник со 73:60.
 
Во овој натпревар, Кумановци влегуваат со големата регионална победа против македонскиот ривал Кожув, со што се ревитализираа по поразот кај Левски. Претходно, Куманово имаше серија од три победи, а оваа екипа очекувано триумфира и во првиот квалификациски настап во Купот на Македонија, против второлигашот Т-Баскет.
 
Куманово има 6 победи и 2 пораза, со што во моментов е лидер во лигата. Во Пеќ, од 19:15 часот се игра уште една средба од БИБЛ лигата, истомениот домаќин игра против бугарскиот претставник Балкан.