Над 70 издавачи на Саем на книга
Во Метрополис арената, вечер, на 3 илјади квадратни метри, повеќе од 70 издавачи ќе се претстават на 27-от по ред Саем на книгата, на кој се најавуваат новитети, промоции, дружења со автори, како и наслови кои публиката ги сака и ги бара...

Книгата е вистинско богатство, пишан збор, кој ги обединува луѓето. Годинашниот Саем на книгата ги обедини сите изложувачи, така што ќе биде со најголема концентрација на книги и автори досега.
Во Метрополис арената, вечер, на 3 илјади квадратни метри, повеќе од 70 издавачи ќе се претстават на 27-от по ред Саем на книгата, на кој се најавуваат новитети, промоции, дружења со автори, како и наслови кои публиката ги сака и ги бара.
Од 5-ти до 11-ти мај на саемот ќе може да се најдат дела од домашни и странски автори, современи и класични литературни дела, учебници и училишни прирачници, енциклопедии и дела од областа на културата и уметноста.
Вообичаено богатата понуда на издавачката продукција овозможува силна конкуренција за избор на најдобро издание меѓу двата саема, најпродавана книга на саемот, како и наградата за најдобар книжар на годината.
