Тел Авив: Немири на протестот против бруталноста на полицијата
04.05.2015 12:39
Незадоволството кај израелската заедница порасна неодамна откако беше објавена снимка на која се гледа како полицаец физички напаѓа војник од етиописко потекло...

Протестот на неколку илјади Етиопјани од еврејско потекло во Тел Авив против расизмот и бруталноста на полицијата прерасна во големо насилство. Најмалку 24 полицајци биле повредени, а повеќе демонстранти уапсени.
Незадоволството кај израелската заедница порасна неодамна откако беше објавена снимка на која се гледа како полицаец физички напаѓа војник од етиописко потекло.
Премиерот Нетанјаху повика на мир и воспоставување ред и најави дека ќе се сретне со претставници на етиопската заедница.
