Еколошка катастрофа кај Костарика- потонал брод со отровни хемикалии

04.05.2015 13:52

Ова предизвика паника во најпопуларната туристичка земја во Средна Америка, позната по прекрасните тропски плажи и природни резервати...

Покрај брегот на градот Пунтаренас во Костарика потонал брод со отровни хемикалии. Ова предизвика паника во најпопуларната туристичка земја во Средна Америка, позната по прекрасните тропски плажи и природни резервати.

100 километри по должината на брегот е воспоставена сигурносна зона. Владата ги повика луѓето да не влегуваат во морето и да не ловат риба. Властите се надеваат дека 200-те тони амонијев нитрат кој е растворлив  во вода, ќе се распадне, а плимата ќе го однесе кон средината на морето.