Полицијата во БиХ во состојба на готовност - има наводи за нови напади
04.05.2015 13:54
Граничната полиција ги засили мерките на надзор...

Сите сигурносни служби во Босна и Херцеговина и натаму се на највисок степен на подготвеност по минатонеделниот терористички напад во Зворник, а постојат и наводи за нови напади- пренесува весникот „Дневни аваз“ повикувајќи се на полициски извори.
Граничната полиција ги засили мерките на надзор. Се проверуваат сите сомнителни лица коишто можат да се поврзат со терористички акции.
