Ѕвезда владее со регионот
Македонската кошарка преку МЗТ Скопје имаше скромен удел во респектибилното натпреварување на стариот континент...

Со 3-1 во финалната серија од плеј-офот за титулатаи и со победа на теренот на противникот кошаркарите на Црвена Звезда суперирно минаа низ натпреварувањето основано на почетокот на новиот век и за прв пат ја освоија титулата во АБА регионалното натпреварување, откако пред две години во финалето беа поразени од најуспешниот на јадранот-составот на Партизан. Континуираното водство во текот на 4-от натпревар и конечните 89-79 само ја потврдија доминацијата на црвено белите во дуелите со Цедевита која и во своето 3-то финале не успеа да стигне до престижниот трофеј.Бобан Марјановиќ од шампионскиот состав го понесе признанието за најкорисен играч во сезоната во која црвено-белите претрпеа само два пораза.
Македонската кошарка преку МЗТ Скопје имаше скромен удел во респектибилното натпреварување на стариот континент. Со 7 победи и 19 порази аеродромци го зазедоа претпоследното место ,единствено пред Левски во сезоната што ќе се памети и по бројните тренерски смени во македонскиот шампион.
Дали со триумфот на Звезда беше ставен и крај на АБА лигата ќе се знае наредните денови.Откако Фиба најави формирање на ново натпреварување на просторите на поранешна Југославија и го оспори легитимитетот на Јадранската лига околу сопственичката структура,клубовите учесници меѓу кои и МЗТ Скопје се обврзаа до 15 мај да ја превземат сопственоста врз натпреварувањето и на тој начин да го спасат опстанокот на лигата.Дали тоа ќе биде доволно да се надминат разликите со Фиба останува да се види.
