+54 за полуфинале

01.05.2015 19:41

Булси се решија уште на стартот на 6-от натпревар,отворија со 34-16 во првата четвртина не препуштајќи му на домашниот состав ниту еден период од натпреварот...

120-66,победа на Чикаго на гостувањето кај Милвоки изразена со 54 поени разлика за вкупен триумф со 4-2 во победи и обезбедено полуфинале на истокот против екипата на Кливленд. Булси се решија уште на стартот на 6-от натпревар,отворија со 34-16 во првата четвртина не препуштајќи му на домашниот состав ниту еден период од натпреварот.Данливи со 20 поени и Гасол со еден помалку беа нејефикасни во победата на Чикаго,а ќе остане забележано дека ниту еден од кошаркарите на Милвоки не успеа да запише двоцифрен број поени во вечерта во која домашниот состав имаше прескронми 32насто реализација на шут од поле и 20 насто во обидите за три поени.

Победа на гости славеа и кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс кај Сан Антониа со 102-96 за израмнување на 3-3 во победи и за мајсторка во четфртфиналето на западната конференција.Грифин со 26 поени ,6 асистенции и 12 скока беше најдобар поединец на натпреварот по кој клиперси во решавачкиот натпревар в недела наутро ќе ја имаат предноста на домашниот терен.