Фудбал

Завршна првенствена фаза

02.05.2015 19:43

Утре следат уште два натпревара од првенствениот плеј-оф. Тоа ќе бидат две соседски соочувања: Шкендија и Ренова своето соседско дерби ќе го одиграат во Куманово, а во Скопје силите ќе ги одмерат Вардар и Металург...

Фудбалерите на Работнички и Силекс ја отворија вратата на завршната фаза од фудбалското првенство на Македонија. Во  Скопје, Работнички го совлада Силекс со 3:1 продолжувајќи ја битката за шампионската титула. Маркоски, Велоковки и Анене беа стрелците за Работнички, а единствениот гол за Силекс го постигна Рудан.

Утре следат уште два натпревара од првенствениот плеј-оф. Тоа ќе бидат две соседски соочувања: Шкендија и Ренова своето соседско дерби ќе го одиграат во Куманово, а во Скопје силите ќе ги одмерат Вардар и Металург. Започнува и завршницата на екипите,кои ќе се борат за опстаанок. Во првото коло од доигрувањето Хоризонт е домаќин на Пелистер, а Брегалница го пречекува Тетекс.

 

Прва лига-28 коло

Плеј-оф:

Работрнички-Силекс 3:1

Утре:

16.00 Шкендија-Ренова

18.00 Вардар-Металург

Плеј-аут:

16.00 Хоризонт-Пелистер МРТ пренос

16.00 Брегалница-Тетекс