МЗТ за првото место, Кожув брои за разигрување
Ако го сторат тоа во својата сала, тогаш ќе го задржат првото место и по шестото коло од Суперлигата. Идентично како и денешниот противник, гевгелискиот состав е во низа од две победи, а со нив го одржа чекорот во трката за пласман во разигрувањето за титулата...

Триумфот во вечното дерби над Работнички пред два дена, кошаркарите на МЗТ Скопје сакаат да го надградат со успех против Кожув. Ако го сторат тоа во својата сала, тогаш ќе го задржат првото место и по шестото коло од Суперлигата. Идентично како и денешниот противник, гевгелискиот состав е во низа од две победи, а со нив го одржа чекорот во трката за пласман во разигрувањето за титулата.
Актуелниот првак е водечки на табелата со 16 победи и пет порази досега, а полуфиналистот од Балканската лига сезонава – тимот на Кожув, се наоѓа на последното шесто место, со бод негатива во однос на Фени и на Соколи. Оттука, два бода на денешниот дуел во „Јане Сандански“ ќе му бидат од исклучителна важност пред завршните четири натпревари од оваа фаза во нашето кошаркарско првенство.
Во досегашните меѓусебни пресметки сезонава, МЗТ Скопје има две победи, интересно, двете со разлика од 12 поени. Кожув триумфираше со девет пред своја публика, но загуби еден од двата натпревара на свој паркет. Сепак, поразот во полуфиналето на купот се уште е непријатно сеќавање кај навивачите од синиот дел од главниот град. Како ќе биде денеска, ќе видиме во преносот на Собранискиот сервис на МРТ, нешто пред 18 часот.
