Се укинува РСЕ на македонски јазик
Конгресот на Соединетите Американски Држави го укинува сервисот на Радио Слободна Европа на македонски јазик поради подобрената политичка состојба во државата. Со предлог-буџетот за оваа година Конгресот го укинува финансирањето на Радио Слободна Европа на неколку јазици во услови на ограничени ресурси и голема потреба од ангажман во други делови на светот. Затоа е неопходно да се елиминира балканскиот сервис на Радио Слободна Европа, пишува во образложението за буџетот.

Конгресот на Соединетите Американски Држави го укинува сервисот на Радио Слободна Европа на македонски јазик поради подобрената политичка состојба во државата. Со предлог-буџетот за оваа година Конгресот го укинува финансирањето на Радио Слободна Европа на неколку јазици во услови на ограничени ресурси и голема потреба од ангажман во други делови на светот. Затоа е неопходно да се елиминира балканскиот сервис на Радио Слободна Европа, пишува во образложението за буџетот. Конгресмените сметаат дека подобрената политичка состојба во Македонија е причината поради која финансиските средства што се трошеа досега за емитување на македонската програма, се пренаменуваат за други региони во светот кои се наоѓаат во период на транзиција или излегуваат од криза.
Лидија Чакар
