Голден Стејт продолжува да “гази“, Кари го очекува МВП трофејот

04.05.2015 15:54

До крајот одиграа во препознатлив егзибициски стилпредводени од Карисо 22 поена и 7 асистенции. Стандардна поддршка имаше од Томпсон со 18 и Грин со 16, а драстичната разлика ја направија со 13 погодени тројки...

Кошаркарите на Голден Стејт продолжуваат со победоносната серија во НБА лигата. Откако го збришаа Њу Орлеанс во 4 натпревари, во голем стил ја отворија полуфиналната серија во Западната конференција против Мемфис со 101 : 86. Триумфот го најавија уште од стартот, ефикасното полувреме го добија со 61 : 52 а практично ја завршија работата по три четвртини кога водеа со 17 разлика. До крајот одиграа во препознатлив егзибициски стилпредводени од Карисо 22 поена и 7 асистенции. Стандардна поддршка имаше од Томпсон со 18 и Грин со 16, а драстичната разлика ја направија со 13 погодени тројки, дури 10 повеќе од ривалот. Кај гостите најдобри беа Гасол со 21 поен и Рендолф со 20, но немаа покритие за повредениот плејмејкер Конли.

Во меѓувреме меѓу елитните американски медиуми проструи веста дека лидерот на Голден Стејт Стеф Кари ќе ја добие наградата за најкорисен кошаркар во сезоната. Тој го водеше тимот до рекордни 67 победи во 82 натпревара, во кои просечно имаше речиси 24 поени, нешто под 8 асистенции, над 4 скокови и 2 украдени топки. Притоа “убиецот со детско лице“ со 286 тројки го подобри сопствениот рекорд од 272постигнати пред две сезони. Најавено е дека МВП трофејот ќе му биде врачен утревечер непосредно пред вториот меч против Мемфис во “Оракл“ арена. Во меѓувреме по полноќ почнуваат пресметките меѓу Кливленд – Чикаго и Хјустон – ЛА Клиперс.