Ракомет

Не е последна, но е шанса што не се пропушта

14.01.2014 14:22

„Свежи сме,одморни, ќе биде прав натпревар“- го пренесува Филип Миркуловски расположението кај нашите ракометари на неколку часа пред натпреварот со Чешка од второто коло во А групата на европското првенство во Данска. Без оглед што за нашата репрезентација вЧетврток претстои и натправарот со Австрија во македонскиот состав се свесни дека Чешка е шансата што не смее да се пропушти за уште во второто коло да се обезбеди втора фаза па против Австрија да биде полесно да се игра и да се бркаат два бода за пренесување во следниот круг.

На денешната средба со новинарите во Хернинг беше и популарниот деновиве Аце (Ејс) Јоноски. Столбот на македонската одбрана вели дека му е симпатично што официјалниот спикер во салата го најавува како Ејс Јоноски и дека нашата одбрана е подготвена да одговори на предизвикот и да го изнесе товарот на натпреварот со Чешка. Анализите велат дека чесите главно предводени од нивната прва ѕвезда Филип Јиха напаѓаат по средината, па според Јоноски токму на тој дел нашата одбрана ќе биде најсилна и дека веќе е направена анализа како да се запрат чешките бекови и како да функционира соработката со нашите голмани.

Миркуловски се прашува и врз основа на што чесите во своите изјави се максимално самоуверени и убедени дека ќе слават над Македонија. Точно е дека двапати едноподруго неможат да одиграат катастрофално како против Австрија, но исто така е точно дека Македонија пред две години во Ниш токму преку Чешка обезбеди втора фаза и стигна до 5-тото место.

„Ќе биде тешко, но со малку среќа вечер победуваме“- вели Миркуловки.