Нов обид за мировни преговори во Сирија
05.05.2015 11:41
На масата ќе седнат делегати на сириската влада, претставници на дел од бунтовничките групи и дипломати од регионалните сили како Турција и Иран...

Во Женева денеска почнува нов обид за оживување на мировните преговори во Сирија. На масата ќе седнат делегати на сириската влада, претставници на дел од бунтовничките групи и дипломати од регионалните сили како Турција и Иран.
На разговорите не се повикани милитанти од Исламска држава и од фронтот Ал Нусра, и покрај територијата што ја контролираат.
