Тенис

Мирен ден во Мелбурн Парк

14.01.2014 14:29

Го чекираме како одработен и вториот тополн ден на првиот тениски грен слем за 2014-та Австралискиот, кој донесе пласман во второто коло на светскиот и турнирски рекет број еден Надал.  Шпанецот дуелот со Томич го заврши брзо уште во првиот сет поради повреда на домашниот миленик.

4 кратниот освојувач и веќе три години со ред ½ финалист во Мелбурн Парк швајцарецот Федерер кој го носи бројот 6 меѓу носителите, останува дел од натпреварите по само час и 46 минути минати на терен со Дукворд.

 И Енди Мареј  четвртиот рекет го стори истото во пресметката со јапонецот Соеда, додека за второто појавување во Мелбурн фино се испоти Дел Потро со американецот Вилијамс играјќи 4 сета.

Престој натаму завери и 10-тиот Цонга. 18-тото партиципирање на својот австралиски терен Хјуит по 5 сета го заврши како и 17-тиот во премиерниот свој настап.

Каи дамите успешно си го одработија своето Азаренка бранителката на тронот, која мисијата по трет со ред трофеј во Мелбурн ја стартуваше не така убедливо против Ларсен. Затоа појасен настап имаше трето-рангираната Шарапова која без проблем го потврди понатамошниот престој праќајќи ја дома американката Матек-Сендс по лесни два сета.

Петката како бројка до името на Радванска не и ја олесни работата, напротив, полската тенисерка се намачи за второ коло со казахстанката Путинстева со која одигра три сета. Лесно второ коло реализираа и 8-та носителка Јанковиќ како и 10-тата Возњацки.