Земјотрес на јужниот брег на Папуа Гвинеа
05.05.2015 11:46
Има извештаи за напукнати ѕидови и искинати далноводи, но нема повредени во ретко населениот регион...

Земјотрес од 7,4 Рихтери го погоди јужниот брег на Папуа Гвинеа. Има извештаи за напукнати ѕидови и искинати далноводи, но нема повредени во ретко населениот регион.
Епицентарот бил 63 километри под површината на островот Нова Британија, а по него уследиле серија вторични потреси од 5,2 до 5,9 степени.
Беше издадено, а потоа повлечено предупредување за опасни цунами бранови на 300 километри од епицентарот, вклучувајќи го австралискиот брег.
