Прв исчекор кон Берлин
Првата е вечер во Торино меѓу Јувентус и Реал Мадрид.Утревечер на мегдан ќе излезат Барселона и Баерн Минхен.Четири големи желби за едно од двете места во финалето...

Полуфинале од Лигата на шампионите.Започнуваат битките за Берлин, за завршната претстава. Првата е вечер во Торино меѓу Јувентус и Реал Мадрид.Утревечер на мегдан ќе излезат Барселона и Баерн Минхен.Четири големи желби за едно од двете места во финалето.
Ривалството меѓу Јувентус и Реал Мадрид трае повеќе од половина век.16-те нивни досегашни дуели имаат посебно место во европската клупска историја.Финале во 98-та за паметење на Реал Мадрид, полуфинале во 2003-та за вечен спомен на Јуве...Лани играа во рамки на групата:2:1 за Реал во Мадрид, 2:2 во Торино. Тоа беа последните нивни меѓусебни дуели,но тие се веќе заборавени! Сегашните, имаат сосема поинаков карактер и значење.Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри вели:„Свесни сме дека стигнавме многу далеку, дека имаме шанса, но не забораваме дека против себе го имаме Реал.Во ваквите натпревари мораме да имаме цел, дури и ако не одиграме перфектен натпревар, мораме да направиме фантастични работи во нападот и одбраната“.Клучот на играта на Јуве е обично во рацете на лидерот од средината Пирло, на неуморниот Тевез, на инспирираниот Мората. И нормално, сеуште тешко совладливиот Буфон! Ќе им недостасува повредениот Погба, едно од најатрактивните имиња во претстојниот преоден рок.
Карло Анчелоти одново го минува прагот на Јувентус Арена.Нему, толку добро познато место каде што пред една и пол деценија го вадеше тренерскиот леб.Но,за него не и омилен фудбалски простор.Свесен е за тежината на полуфиналето, за силата на противникот, за фактот дека само одбраната на европската круна значи спас на сезоната за Реал.Соочен е со отсуството на повредените Модриќ и Бензема, во дилема е дали да истрча одново со Чичарито во нападот или со опоравениот Бејл...„Ако сте храбри ќе победите, ако се плашите ќе загубите“-е мотото на Анчелоти, кое ќе се обиде да го вгради во свеста на играчите и во играта на Реал, иако знае дека против Јувентус претстојат две долги и тешки надигрувања.
Лига на шампиони:1/2 финале
Вторник 20.45: Јувентус-Реал Мадрид
Среда 20.45: Барселона-Баерн Минхен–МТВ пренос
