Хаос во патничкиот сообраќај во Германија поради штрајк на машиновозачите

05.05.2015 13:55

Од вчера штрајкуваат возачите на товарните возови. Ова е најдолг штрајк на германската железница и ќе трае до сабота...

Штрајкот на машиновозачите во Германија предизвика хаос во патничкиот сообраќај. Дојче Бан издаде алтернативен возен ред и оперира со намален број возови. Од вчера штрајкуваат возачите на товарните возови. Ова е најдолг штрајк на германската железница и ќе трае до сабота.

„Ми се смачи. Ми треба многу повеќе време да стигнам таму каде што одам. Треба да бидам на работа во 5.30, а сега е речиси 6“, изјави еден патник.

Синдикатот на машиновозачите бара поголеми плати и покусо работно време и во името на целиот персонал. Германските власти предупредија дека економијата ќе претрпи сериозни загуби.