Обама во шоуто на Летерман: Често игнорираме додека не се случи нешто

05.05.2015 14:05

Главна тема беа протестите во Балтимор, поврзани со расизмот, сиромаштијата и недостатокот од работни места...

Пред крајот на мандатот, американскиот претседател Обама одговори на многу прашања на шоуто на Дејвид Летерман. Главна тема беа протестите во Балтимор, поврзани со расизмот, сиромаштијата и недостатокот од работни места.

„Имаме групи сиромаштија, недостаток на можности и недостаток на образование низ целата земја. Често ги игнорираме додека не се случи нешто“, изјави Обама.

Обама рече дека и по повлекувањето од Белата куќа, ќе продолжи да работи на овие проблеми, веројатно преку организација за помош на младите.