Ракомет

Германките и Русинките се фаворитки, но...

05.05.2015 16:55

Македонската репрезентација за ракометарки до 19 години ќе биде во групата „Бе“ од прелиминарната фаза на турнирот закажан од 23-ти јули до 2-ри август...

Русија, Германија и Литванија ќе бидат противнички на нашите ракометни младинки на Европското првенство во Валенсија. Македонската репрезентација за ракометарки до 19 години ќе биде во групата „Бе“ од прелиминарната фаза на турнирот закажан од 23-ти јули до 2-ри август. 

На квалификациите во Скопје, селекцијата предводена од Симе Симевски ги совлада Црна Гора, Исланд и Холандија, па со зголемен оптимизам ќе отпатува на собирот во Валенсија, иако Германките и Русинките ја носат фаворитската улога во нашата група. Најдобрите три репрезентации од неа ќе продолжат да се натпреваруваат во главната фаза во којашто ќе има уште три натпревари со противници од групата „А“ во којашто се Данска, Хрватска, Црна Гора и Србија.