Последна шанса за Работнички!

05.05.2015 16:57

Работнички нема право на грешка против Вардар доколку сака да го продолжи сонот за одбрана на ланската двојна круна. Триумф на црвено-црните над „дебармаалци“ на арената „Филип втори“, ќе значи нова титула за Вардар...

Во нашиот фудбал две надигрувања за осум дена можат да стават печат на трката за шампионскиот престол. Работнички нема право на грешка против Вардар доколку сака да го продолжи сонот за одбрана на ланската двојна круна. Триумф на црвено-црните над „дебармаалци“ на арената „Филип втори“, ќе значи нова титула за Вардар. 

Со реми или уште подобро со победа, Работнички ќе остане во игра. Пред 29-тото коло Вардар има шест бода позитива. Утре силекс ќе ја пречека Шкендија, а в четврток, исто така во групата за разигрување за трофејот, Металург ќе игра со Ренова. Во делот за опстанок, двојките се Тетекс – Пелистер и Брегалница – Турново. Тетовскиот клуб е испаднат, а пелистерци ја бркаат предноста на Турново од четири бода.