Нова трагедија: Десетици мигранти се удавија во Средоземно Море

05.05.2015 17:45

Дел од патнициите биле спасени од италијанската крајбрежна стража. Точниот број на загинатите не е познат, а според очевидците тој е многу голем...

Нова трагедија на Медитеранот. Десетици мигранти се удавија откако потонал гумен чамец со коj се обидувале да стигнат до европско тло, соопштија претставници на организацијата „Да ги спасиме децата“. 

Дел од патнициите биле спасени од италијанската крајбрежна стража. Точниот број на загинатите не е познат, а според очевидците тој е многу голем.

Според статистиката досега наjмалку 5.800 луѓе го загубија животот во обидот да дојдат до европските земји.