Невреме и поплави во долна Австрија

06.05.2015 12:24

Повеќе од 1.000 пожарникари интервенирале помагајќи им на граѓаните...

Делови од австриската покраиа долна австрија во текот на ноќта беа погодени од невреме проследено со силни врнежи кои поплавија бројни улици и подруми.

Повеќе од 1.000 пожарникари интервенирале помагајќи им на граѓаните. Околу два часот по полноќ биле активирани сирените за случај на опасност.

Во делови од земјата дошло до лизгање земјиште. Граѓаните поставувале вреќи со песок за да спречат поплави. Голем број граѓани биле евакуирани од домовите.