Избори во Велика Британија: Мртва трка меѓу Лабуристите и Ториевците
Мртва трка меѓу Лабуристите и Ториевците на утрешните парламентарни избори во Обединетото Кралство. Разликата меѓу двете водечки партии е само еден процент...

Неизвесност во пресрет на утрешните парламентарни избори во Обединетото Кралство. Конзервативците на Камерон и лабуристите на Милибанд во тесна трка за усвојување на гласовите, покажува истражувањето на Би-Би-Си направено според податоци од неколку британски агенции за испитување на јавното мислење.
Конзервативната партија има минимална предност пред Лабуристите. Камерон би добил 34 насто, а Милибанд 33 насто од гласовите. Зад нив е Партијата за Независност на Обединетото Кралство со поддршка од 13 проценти и Либералдемократите на сегашниот заменик премиер Ник Клег кој се очекува да освои 9 насто од гласовите.
Доколку овие прогнози се покажат како точни, утрешните парламентарни избори во Велика Британија ќе предизвикаат недостиг на јасно мнозинство за реализација на проектите на идната влада.
Каква опција и да одбере победничката партија ќе мора да бара поддршка од една од малите партии, во овој случај со Партијата на независност која дополнително ја усложнува состојбата бидејќи бара редефинирање на британскиот устав и е против членството во ЕУ. Главен играч во коалициската влада би била и шкотската Сепаратистичка национална партија која лани организираше референдум за отцепување на Шкотска.
