Барселона – Баерн, пресметка на гигантите на “Камп Ноу“
Вечерва Барселона е во мала предност затоа што влегува речиси со комплетен состав, единствено без повредениот Матје. Тие се по 7 пат меѓу најдобрите 4 во Европа во последните 8 години...

Епицентарот на фудбалските збиднувања вечерва е на Камп Ноу, а главни актери семегаѕвездите на Барселона и Баерн – од едната Меси, Неимар, Суарез, Иниеста, од другата страна Милер, Лам, Швајнштајгер, Левандовски. Предводници на фудбалските гиганти кои во доминентан стил газат вонокаут фазата. Барселона го елиминира Манчестер Сити а потоа го декласира ПСЖ со вкупни 5:1, а Баерн во два меча искомбинира домашни победи со 13 постигнати гола над Шахтјор и Порто. Историјата вонивнитемеѓусебни пресметки трае неполни две децении во кои и двата тима доживеаја и убави моменти, но и горки искуства. Сеуште се свежи сеќавањата од мечевите во истата фаза пред две сезони, кога на патот до петтиот трофеј баварците ја прегазија Барса со вкупни 7:0, како реванш за тешкиот пораз кој каталонците им го нанесоа во четвртфиналето во 2009 – та со вкупни 5:1. Претходно во 1996 –та во дуел за влез во финалето во купот на УЕФА Баерн беше вкупен победник со 4:3, а две години подоцна во групната фаза од Л Ш минимално ги доби двата меча.
Вечерва Барселона е во мала предност затоа што влегува речиси со комплетен состав, единствено без повредениот Матје. Тие се по 7 пат меѓу најдобрите 4 во Европа во последните 8 години. Досега во 14 полуфинални пресметки имаат 7 пласмани во финалето, иако загубија во три од последните четири. За нив поволен податок е декаво нокаут мечевите дури 13 пати биле поуспешни од вкупно 18 соочувањасо германски ривали. Од друга страна Баерн е по 4 пат во последните 5 сезони дел од големата четворка, а освен минатогодишниот дебакл од Реал Мадрид редовно беше и финалист. Досега во 16 полуфинални дуели 10 пати излегуваше како победник. Тревата на Камп Ноу им одговара, затоа што таму победија на 3 од четирите гостувања. Но, за разлика од домаќинот повредите ќе го кројат составот во кој нема место за повредените Рибери, Робен, Алаба, Бадштубер а Левандовски најверојатно ќе игра со заштитна маска.
Мечот ќе биде емотивен за Пеп Гвардиола, којкако тренер на Барса освои 14 трофеи во четиригодишниот период, од коидвапати триумфираше во Л Ш. Претходно како фудбалер во 11 сезони оствари 6 домашни титули и беше дел од тимот кој ја освои европската клупска круна. “Тие знаат како размислувам, но не знаат како размислуваат моите играчи. Со Барса имам незаборавни спомени, но сега доаѓам како тренер на Баерн и моите мисли се насочени кон пласман во финалето“ – порача Пеп, кому ова ќе му биде прва посета на Камп Ноу како прв човек од клупата на некој друг клуб. Неговиот ривал од клупата на Барселона Луис Енрике кој заедно со Пеп го освои КПК пред 18 години, посакува победа без примен гол. “Тоа ќе биде меч на две екипи кои се меѓу најдобрите на светот, кои негуваат брза игра и сакаат да ја контролираат топката. Не сонувам само да го победам Пеп, туку и Баерн“ – порача тренерот на Барселона. Едно е сигурно, кога играат Барселона и Баерн очекувајте врвен фудбал, беспоштедна битка, мајстории на теренот, надмудрувања од клупата, аплаузи и воздишки на трибините и спектакуларни моменти – или накусо, меч за гурмани кој почнува во 20.40 часот на МРТ1, во рамките на студиската емисија од 20.15 часот.
