Германската полиција уапсила четири лица коишто планирале терористички напад врз муслимани

06.05.2015 14:53

Апсењата се случувале низ целата држава, а во акцијата учествувале 250 полицајци, јавува Би-Би-Си...

Германската полиција објави дека уапсила тројца мажи и една жена поради сомневање дека планирале терористички напад врз муслиманите што бараат азил во Германија. Пронајдено е големо количество експлозив и опрема за која нема детални информации.

Уапсената четворка Германци е обвинета дека основала десничарска терористичка група наречена Oldschool Society која планирала напади на џамии и хостели во кои се сместуваат барателите на азил.