Торнадо ноќеска го зафати североисточниот дел на Германија

06.05.2015 14:15

Едно лице загинало, а 30 се полесно повредени од торнадото што ја зафати околината на германскиот град Росток...

На територијата на гратчето Бицов има куќи без кровови, расфрлени цигли, превртени автомобили, скршени стакла и искорнати дрвја- пренесува Танјуг.

Висината на штетата се уште не е позната, а 150 луѓе од пожарникарските и други спасувачки служби се ангажирани во расчистување на градот и давање нужна помош, пренесуваат германските медиуми. Две спортски сали се пренаменети за неопходно сместување со 300 кревети.