По повеќе од 50 години повторно воспоставени траектни врски меѓу САД и Куба
Освен за транспорт на кубански цигари благодатот за Кубанците ќе биде поголем. Без посебно одобрение, 150-те километри ќе можат да ги поминуваат Американците со Кубанско потекло кои одат во посета на родителите...

Дипломатското приближување на Обама кон Куба со конкретни резултати. Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама во вторник објави дека се издадени дозволи за превоз со траект за патници меѓу САД и Куба, прв пат по 50 години, известува Си-Ен-Ен.
Куба беше под санкции на САД повеќе од половина век. Освен за транспорт на кубански цигари благодатот за Кубанците ќе биде поголем. Без посебно одобрение, 150-те километри ќе можат да ги поминуваат Американците со Кубанско потекло кои одат во посета на родителите, владините службеници на службени патувања и новинарите, туристичките посети се се уште забранети.
Дипломатското приближувањена Обама кон Куба е едно од најзначајните надворешно политички постигнувања.
