Главниот римски аеродром затворен поради пожар

07.05.2015 11:57

Нема потешко повредени, а најмалку три лица добиле медицинска помош затоа што вдишале чад...

Главниот римски аеродром Фјумичино е затворен откако избувнал пожар во просториите за багаж. Нема потешко повредени, а најмалку три лица добиле медицинска помош затоа што вдишале чад.

Пожарот е згаснат, но аеродромот ќе биде затворен до 14 часот, јавуваат италијанските медиуми.