Непредвидливи избори во Велика Британија
07.05.2015 12:41
Се бираат 650 пратеници, 9 илјади советници и неколку градоначалници...

Околу 50 милиони Британци гласаат на парламентарни избори. Исходот е непредвидлив, анкетите прогнозираат околу 34 проценти од гласовите за конзервативците на Камерон и 33 за лабуристите на Милибанд.
Се бираат 650 пратеници, 9 илјади советници и неколку градоначалници. На овие избори Британците првпат ќе имаат можност да го дадат својот глас преку интернет.
Првите резултати се очекуваат до полноќ, а конечните утре на пладне.
