Фудбал

Волшебникот Меси

07.05.2015 15:33

Меси скромно го објаснува своето голгетерско ремек-дело: „Тоа беше дел од секундата, видов дека Боатенг се обидува да ме изблокира и веднаш знаев што треба да направам...

Во миг најде начин да ја ослободи сопствената фудбалска генијалност и го крена стадионот на нозе. Со мајсторски гол, Меси се издигна и донесе водство на Барселона.Но, вистинскиот блесок дојде три минути подоцна.Изнедри играчко волшебство, кое предизвика експлозија на Ноу Камп, восхит, сведоштво на антологиски гол, еден од оние кои ќе бидат ковани  во легендите.Виртуозност, која ги враќа спомените на историските  Марадона,Пеле,Кројф...

Меси скромно го објаснува своето голгетерско ремек-дело: „Тоа беше дел од секундата, видов дека Боатенг се обидува да ме изблокира и веднаш знаев што треба да направам.Испадна одлично!Меси по којзнае кој пат е Месија за Барса, а истовремено ноќна мора за Кристијано Роналдо,истиснувајќи го само после еден ден од пиедесталот наменет за најдобриот стрелец во историјата на Лигата на шампионите.Меси е сега кралот со 77 погодоци.Ликува и Луис Енрике!Вели:„Резултатот е совршен,многу блиску сме до финалето,задоволен сум со играта, задоволен сум со се!“

Десет минути го делеа Пеп Гвардиола, првото свое гостување на својот матичен Ноу Камп да го заврши успешно.Но, Меси му ја одзема можноста да направи шоу по мечот. „Да останеше 1:0 или барем 2:0 ќе имаше надеж, со 3:0 со милји се оддалечивме од Берлин.Се виде колку недостасуваа Робен,Рибери,Бадштубер...но, мораме да веруваме во чудо во реваншот во Минхен.“

Фантомски резултат во реваншот, сличен на оној против Порто споменуваат и Томас Милер и Мануел Ноер.Германци како Германци веруваат во сензационален пресврт и се обидуваат да останат со кренати глави. Но, се наведува на тоа дека фудбалскиот волшебник Лео Меси на Барселона веќе и ги отвори портите на Олимпискиот стадион во Берлин.